Author Topic: HUMOR(NASRADIN HODZA)  (Read 20718 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
HUMOR(NASRADIN HODZA)
« on: May 15, 2009, 01:56 »
Отишол Насрадин Оџа со син му во некој град,а сосебе го повел и магарето.Го качел син му на магаре, а Насрадин одел пеш.Оделе така се додека не наишле на некои луѓе кои ги виделе и почнале да коментираат:

“Види го бе тоа здраво машко дете!Ете тоа ти е денешната младина.Татко му се мачи пеш а тој качен на магаре ко некој Бег“.
Кога го слушнал ова синот на Насрадина,се усрамил и слегол и му рекол на татко му да се качи сега тој на магаре.Се качел Насрадин Оџа и оделе понатаму се додека не наишле на други луѓе кои исто почнале да коментираат:“Види го бе она слабо детенце како се мачи пеш,а татко му без чувство си се вози на магаре„
Го чул ова Насрадин се засрамил и слегол од магаре и овојпат се качеле двајцата на магаре и оделе се додека не наишле на други луѓе кои рекле“Види го бе она кутро магаре!Му се качеле двајцата,а тоа кутро на оваа горештина ќе пукне“.Слушнале и ова и овојпат решил Насрадин да слезат двајцата и да одат пеш.И така оделе се додека не ги сретнале други луѓе кои почнале да мрморат:“Види ги бе оние двајца идиоти!Имајќи магаре тие пешки одат по оваа горештина“.Кога го чул ова Насрадин му дошло до нос,и му рекол на син му“Фаќај го магарето и ќе го носеме нарамо!Само така ќе спречеме луѓето да не зборуваат ништо. :)

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #1 on: May 15, 2009, 02:00 »
Еден топол летен ден,легнал Насрадин Xoџа да се одмори под оревот. Секаде наоколу биле израснати крупни лубеници.Оџата зел една да се заслади па почнал да мудрува: - Драги Аллах, зошто не даде лубеници да растат на дрвјата? Их,тогаш колку би ги имало.

Во тој момент еден зрел орев се откинал и паднал право на Насрадиновата глава.

- Ух,Аллах џ.ш. најдобро знае - рекол оџата триејќи ја главата - ако растеа лубеници на дрвјата, што ќе беше сега со мојата глава?

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #2 on: May 15, 2009, 02:05 »
Насрaдин и песот

Еднаш Насpaдин шетал по селото, па на него налетал песот на соседот. Оџата, за да се одбрани, ја потегнал секирата, го удрил песот по главa, а песот го отегнал опашот (умрел).
Соседот отишол кај кадијата, па му се пожалил.
Веднаш го донеле Насрадина, па кадијата му рекол:
-Зошто не го удри песот со дршката туку со оштрицата?
На тоа Насрадин му рекол:
-Да сакаше песот мене со опашката да ме касне, е тогаш јас ќе го удрев со дршката! :)

Offline Hashashin

  • Defendor of the Truth
  • Forum fan
  • *****
  • Posts: 2013
  • Gender: Male
  • Has odabaşi
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #3 on: May 15, 2009, 09:38 »
Хехе, много яко. Браво брат!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #4 on: May 15, 2009, 14:27 »

Кога Насрадин Хоџа бил момче , во неговото село имало многу арамии.

Еден ден неговата мајка му рекла:

" Сине мој, еве јас мора да појдам до соседното село а ти припази на нашава куќа, немој никако да се одвојуваш од вратата за да не ни влезат во куќата арамиите! "

Откако мајка му заминала, на почетокот младиот Насрадин седел испред вратата , арно ама, тоа му досадило оти сакал малку да си поигра со другарите. Но, што да прави кога мајка му јасно му рекла да не се одвојува од вратата?!

Се думал , се думал и на крајот ја извадил вратата , ја заврзал на својот грб и тркнал до ливадата каде што неговите другари си играле фудбал.

Се вратил дома околу Акшам и ја затекнал мајка му како седи во авлијата и плаче. Кога го видела му рекла :

" Ах бре Насрадине , арамиите ни ја оплачкаа куќата ! Зарем не ти реков да не се одвојуваш од вратата ?"

Насрадин и одговорил :

" Но, мајко моја,па јас цело време не се одделив од вратата!"  :)

Offline Metka

  • Forum fan
  • *****
  • Posts: 1696
  • Gender: Male
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #5 on: May 15, 2009, 14:38 »
Torbesh, много приятно съм изненадан от тези забавни разказчета за Настрадин Ходжа.
Според мнозина Настрадин Ходжа и митовете за него имат мистичен суфиски произход.
На практика Настрадин ходжа е общобалкански, той е пример за толерантност и всички балкански народи го обичат. Аз никога няма да забрава старите разказвачи от едно време , още като дете които сум слушал със затаен дъх хитрините на Настрадин Ходжа.
Този факт е част от от устната традиция на всички нашенци.

Offline rhodop_girl

  • Member
  • **
  • Posts: 45
  • Gender: Female
  • Умният винаги отстъпва.... но само колкото да се з
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #6 on: May 15, 2009, 15:01 »
 ;D :D ;D :D супер!

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #7 on: May 15, 2009, 15:18 »
Еден ден додека врнело силен дожд Насрадин седејќи здогледал како еден човек бега од дождот па му рекол: "Пријателе не бегај од рахметот од Аллах." Па, човекот засрамено останал на дождот. По неколку дена истото му се случило на Насрадин, човекот го забележал и му вратил со истите зборови "Не бегај ефендија од рахметот од Аллах.", a Насрадин му одгороврил:"Јас не бегам, туку не сакам да го газам рахметов од Аллах."  :)

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #8 on: May 15, 2009, 15:39 »
Го викнале еднаш едни луѓе на Насрадин Оџа да им држи Хутва за време џума.И се качил Насрадин на Минбер и им рекол:Џемаат дали знаете што сакам да кажам?Овие одговореле:Нормално не!
Тогаш Насрадин им рекол:Искрено да ви кажа,немам желба да кажувам нешто на луѓе кои дури незнаат што сакам да кажам“,и слегол од Минбер и си заминал.

Наредна џумаа луѓето пак го викнале и овојпат ги прашал исто:“Дали знаете што сакам да кажам?“и овие рекле“Да“.
Насрадин тогаш им рекол:“Епа штом сте знаеле нема потреба да губам време да ви кажувам“, и си заминал пак.

Овојпат луѓето многу се налутеле и го викнале пак следната џума и кога ги прашал:“Дали знате што сакам да кажам?“ пола од нив му одговориле “Да“ а другата половина “Не“.Па рекол Насрадин:“Тие што знаат нека им кажаат на тие што незнаат“ и пак слегол од минбер и си заминал. :) :D  :D

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #9 on: May 15, 2009, 22:16 »
Ги собрал Насрадин Оџа своите џемаатлии,па почнал да им се фали:

-Џемати муслимин! - Дали знаете дека јас како што гледам дење исто така гледам и ноќе?

А џемаатот му рекол:

- Па зошто тогаш Оџа ефенди,кога ќе падне мрак носиш фенер со себе?

На тоа Насрадин Оџа им рекол:

- Ама, тоа го правам поради вас, за некој од вас да не удри во мене!  :D

Offline Amina

  • Avarage member
  • ***
  • Posts: 51
  • Gender: Female
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #10 on: May 15, 2009, 23:04 »
You are not allowed to view links. Register or Login
...Кога го чул ова Насрадин му дошло до нос,и му рекол на син му“Фаќај го магарето и ќе го носеме нарамо!Само така ќе спречеме луѓето да не зборуваат ништо. :)
:) Трудно е да угодиш на хората! ;D

Offline saleika

  • Advanced member
  • *****
  • Posts: 455
  • Gender: Female
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #11 on: May 21, 2009, 08:33 »
Torbesh  superrrrrr  :D  :D ;D

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #12 on: May 21, 2009, 23:54 »
Насрадин оџа имал крава која за ништо не бидувала.Еден ден женаму му рекла да ја одведе кравата на пазар и да ја продаде.Кога оџата ја однесол на пазар почнал да вика колку што може:
-Оваа крава за ништо не ја бидува,несака на време да се тели,а кога ќе се отели не може ниедно теле да го нахрани.Млеко дава сосема малку.
Насредин оџа така ја грдел својата крава колку што можел,само вистината ја кажувал,знаел дека лагата е харам.Кога луѓето слушнале што кажува, никој не ја погледнувал кравата.Тогаш дошол еден негов комшија и на уво му шепнал:
-Зошто така зборуваш за кравaта,да се помрдна од умот,немој да ја грдиш кравата така никој нема да ја купи,него дај ми ја ти мене кравата да видиш како се продава,а ти сокрисе и не излегувај,за да не ја препознаат дека е твоја.Неговиот комшија почнал да вика:
-Еве една добра крава,се тели кога млекото е најскапо и дава многу млеко.
Тој многу ја фалел кравата,а околу неа почнале да се собираат многу луѓе.Тогаш излегол Насрадин оџа и извикал:
-Па ако кравата е толку добра,нема да ја продадам!
Ја зеде кравата од комшијата и ја однесе дома. :D :D

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #13 on: May 21, 2009, 23:57 »
Насрадин – оџа и жените


Насрадин оџа се плашел од своите жени, а тој страв и не го криел толку од светот, но сепак сакал да знае дали и другите како него се плашат од своите жени.
Еднаш, во џамијата додека одржувал ваиз, ги запраша присутните дали се плашат од своите жени.

-Кој се плаши, нека стане на нозе! – им повика Оџата.

Сите станаа, освен еден.

На оџата му олесни на срце, кога виде дека не е сам, но кога го виде еден дека седи, му падна мило, берем има некој кој не се плаши од жените.

-Еве луѓе, погледнете го јунакот! Еве човек кој не се плаши од своите жени !

-Ма Јок, ефендија! Штом ја спомна жената, мене двете нозе ми се посекоа, па немам сила да застанам на нив – го пречека тој..  :D :D

Offline dim56

  • Forum fan
  • *****
  • Posts: 558
Ynt: HUMOR(NASRADIN HODZA)
« Reply #14 on: May 22, 2009, 00:30 »
Torbesh, благодаря ти за историите на Настрадин ходжа - тях ги има във всички страни, където се изповядва ислям. В България, където има и християнство и ислям, има и цикъл "Хитър Петър и Настрадин ходжа"
А в нашия край старите хора казват "Настранил оджа"  ;D

 

Sitemap 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42