Български > История

Торбешите во Македонja - статия на аго Шериф

(1/6) > >>

pomak BG:
  Торбешите  во Македонската енциклопедија

   Шериф  Ајрадиноски

Измина  прилично долг период , дали и доволен, за да слегне   прашината која се дигна во пресрет на  излегувањето од печат на контраверзната Македонска енциклопедија , издание кое долго ,велат речиси една деценија ,било подготвувано  од  нашите ’најголеми умови‘ од МАНУ, предводени од  контраверзниот академик д.р Блаже Ристовски како главен редактор. Прашината беше дигната најпрво од нашите сограѓани ,Албанци – а кој друг во Македонија може да превземе таков чекор?-во форма на реакции протести и демонстрации кои за малку  не есклалираа во несакани и овде déjà vu настани ! Треба да се напомене и фактот што многу новинари и водители на тв.емисии  забележаа дека за разлика од граѓаните Албанџи и нивните опозициски партии како и невладиниот сектор , интелектуалците Aлбанци  и  владеачката ДУИ беа нем посматрач на тие настани ,а академиците од оваа етничка заедница не ја ни виделе спорната енцоклопедоја ! Барем така се тврдеше од таму. Тоа неколку пати јавно го изнесе и главниот редактор ,г-нот Блаже Ристовски. Лесно им е нив кога имаат таков народ!

          Се распламтија жешки дебатни емисии по сите национални телевизии со угледни аналитичари ,новинари и политичари во кои секој напаѓаше секого ,левите ги напаѓаа десните, опозицијата ја напаѓаше власта, Албанците ги напаѓаа Македонците . .  сите го напаѓаа Ристовски а  Ристовски ги напаѓаше сите!!! Лидерите на двете најголеми партии во власта,Груевски и Ахмети скришум преговараа чекајќи како ќе се одвиваат настаните за да донесат мудра, ’компромисна одлука‘.Секако премиерот во таквата игра беше поитар правејќи се дека ’не е од тука‘ како и во многу други ситуации и прилики кога се случуваат вакви настани. Во нападите како нај еклатантни би ги издвоил честите настапи на професорот Фрчковски кој покрај другото го посочуваше фактот дека голем дел од критичарите и ’критичарите‘ в’сушност и немале можност да ја прочитаат енциклопедијата бидејќи и не беше пуштена во продажба,потенцирајќи дека кога тоа ќе биде можно бројот на реакции ќе биде поголем ,и не само од страна на албанците !Тоа се потврди како точна констатација бидејќи бројот на незадоволници расте од ден на ден.  И како втор пример би ја издвоил  реакцијана на Љ.Георгиевски кој изјави дека енциклопедијата е навреда ,не само за Aлбанците ами и за Mакедонците! Тоа ме натера да размислувам дали и како се претставени Торбешите во енциклопедијата ? Да бидам искрен ,познавајќи го ’ликот и делото‘ на академикот Ристовски ,очекував торбешите да бидат претставени како исламизирани Макединци кои ’насилно го примилие исламот под стегите на османските зулуми и под притисок на албанските одметници ,планинци и зулумќари од типот на Али паша Јанински‘ и така нешто во тој стил и да го цитира неговиот миленик ,пресниот (ова е негов термин)доктор по етнологија ,равметлија  Нијази Лиманоски и неговите тогашни соработници.Но ...во голема мера се излажав! A Бога ми и се изненадив! Најпрвин пријатно –кога дознав дека има релативно долг напис од две/три страни со наслов ’Торбеши‘! –потоа и непријатно кога истиот напис имав можност да го читам. Веднаш на почетокот пред на навлезам во анализа на напишаното, да напоменам дека овде,не само што не доминираше материјал од споменатите извори (кои ,какви такви ,барем претендираа на некаква ’научност‘ ами нешто ми ’замириса‘ на Википедија (информатичка треска!),потоа  на Ѓорѓија Пулески и Галаба Паликрушева! Идеален спој на еден релативно конфузен и заглавен во сопствените ’научни јазли‘ галичанец –мијак,Пулески,на една необјавена докторска дисертација со наслов ’Исламизација на Торбешите и формирање на торбешката субгрупа‘,Галаба паликрушева ,Скопје 1965 г. и на слободната интернетска енциклопедија Википедија за која и еден обичен средношколец ќе ви рече дека не може да се потпре на податоци од таму ако сака да напише макар и најобична писмена работа по мајчин јазик!

          Но,да почнам со ред и од почеток.  Торбеши (како што напоменав на почетокот тоа е за поздравување бидејќи,  ’барем спомнати сме со вистинско име ’! Таков беше коментарот на оние, претежно млади луѓе (студенти и средношколци) кои тоа го прочитале пред мене и кои се фрустрирани и незадоволни од  ,негирањето ,оспрувањето и непризнавањето на нашата посебност и нашиот идентитет и најмногу од отсуството во Уставот на Р.М  на ,најверoјатно ,третата по број етничка заедница во државава-Торбешите!                                                                                           Но венаш до Торбеши, стои (Горнореканци ,нашинци).?

         Ајде некако може да се разбере терминот ’нашинци ‘ бидејќи е познат и често упетребуван термин кај Tорбешите со цел да се детерминираат односно диференцираат од другите (не само од иноверните Македонци,Бугари,Срби и др. ,туку и од истоверните Турци ,Албанци и др.)народи и етнички заедници.Но ..Горнореканци ? Не ми е јасно што се сака да се објасни тука?Барем да беше Долнореканци ! Затоа што ако се сака да се набројат регионите каде што ова население е битисува тогаш требало да се набројат  и  Долнореканци ,Голобрѓани ,Горнодримколци ,Горани ....потоа областа Торбешија,  Жупа ,Кичевија ,Пијанец,Делчево ,Горна Џумаја (Благоевград) Неврокопско ,Мегленско,Драмско ,Кавадаречко (да не заборавиме дека Долни Дисан е едно од најголемите торбешки села во почетокот на 20 век ,според К’нчов),Солунско .Костурско како и Кавалско , Ксанти и други  места  во Беломорска Македонија и Тракија . Значи географскиот термин  ’горнореканци‘ не може и не треба да стои тука како синоним за Торбеши најмалку од две причини .

Прво ,во Горна река има најмалку, речиси нема ,Торбеши и второ ,горноррекаци и(ли) Шкрети е нешто друго .Тоа е христијанско –православно население со мајчин албански јазик кое во голема мера ,ако не и целосно е интегрирано во современата Македонска нација !                        

             Тоа е забелешката што се однесува на првите два сининими кои во загради се напишани веднаш зад етнонимот Торбеши .Во понатамошниот текст се спомнати и други синоними или егзоними/етноними како што се навдува во енциклопедијата кои,со исклучок на веќе споменатите ’горнореканци‘и Шкрети ,горе/долу ’држат вода‘ но има уште многу други!  Толку многу што можеби заслужува покренување иницијатива за Гинисова книга на рекорди!Не верувам дека на дуњава има народ или етничка заедница со толкав број синоними како што е случајот со Торбешите!?  Заради просторни причини нема да ги наведувам овде. Нека остане тоа за некоја друга прилика .

         Натака во текстот се вели:”Исражувањето на Торбешите е условено со пралелно истражување на етничката група Мијаци,бидејќи изворно Торбешите претставуваат ’мијачка‘ субгрупа .”! Тука ,како што напоменав на почетокот мириса на Википедија и на разно-разни интернетски дискусии од интернет-форумите каде за основа се земаат некои написи по медиумите за галичанецот Томо кој успеал ’да ги врати во прадедовската вера насилно исламизираните ‘, и да ја  ’истреби  градината со трендафили (Галичник,заб Ш.А) од клетите шипини (турчишта-муслимани ,заб.Ш.А),користејќи ја наводно слабоста на дебарскиот бег кон неговиот коњ. И актуелниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски  во времето кога беше потр-парол во владата на Георгиевски во една клумна во ’Дневник‘ ја објаснуваше ’дипломатската способност’на овчарот Томо од галчник кој го прашал бегот ’што би направил ако има градина со трендафили во која има и неколку шипини кои пречат ? Дали би ги исчистил?’. На потврдниот одговор на бегот рекол дека тој истото сакал да го направи со муслиманите од Галичник а за возврат ќе му го подари убавиот (Тројански ?)коњ !! И нормално ,како што му доликува на суровиот и немилосрден бег (за чудо дебарските бегови се опишани како најсурови, најнемилосрдни и најфанатични кога станува збор за ’насилното‘наметнување на исламот!) атер на коњот дозвилил ’доброволно‘ покрстување на Торбешите ! Штета што немало повеќе коњи во тоа време и штета што вакво нешто не му текнало на кралот Марко кој го имал најубавиот коњ –Шарец неколку векови порано ,па да му предложи вакво нешто ,ваков дил , на Султанот Мутат !! Не само што ќе ја  спасеше Византија и дригите христијански кралства и кнежевства од ’насилната исламизација‘ами неместо да се бори со Оаманлиите против своите православни браќа во Ердељ,Румунија  и да ги исламизира, ќе добиеше дозвола од Падишахот да го врати сиот муслимански свет во христијанство!! Ех ,да беше реалниот живот така како во бајките и митовите ! Но да се вратиме на реалноста .

          Сметам дека за конфузното мешање Мијаци –Торбеши  ’заслуга‘има и еден бугарски научник Георги Трајчев –автор на книга за Мијаците-Б’лгарите од Дебар ,како што ги нерекува ,потоа Тома Смилјаниќ ,Ѓорѓија Пулески и секако Галаба Паликрушева на која сакам да се зарджам повеќе поради фактот што таа( би требало да )е најсериозно третирана ,дури и од авторите на енциклопедијата но и поради фактот што таа е една од најцитираните авторки кога станува збор за пишани извори во врска со торбешката тематика во македонија и поширико . Ако го прочитате насловот на нејзината докторска дисертација ’Исламизација на Торбешите и формирање на Торбешката субгрупа’,веднаш и  a priori  ќе помислите дека авторката има поинаков став од оние кои Торбешите ги сметаат за Македонци Муслимани и дека етнонимот Торбеш не го поврзува со ’продавањето на верата за торба сирење или брашно или... Затоа што првиот дел од насловот алудира на тоа... исламизација на  Торбешите!.....што имлицитно зборува дека етнонимот Торбеш е постар од периодот на исламизацијата . И тоа е во ред и точно .Поимот ,етнонимот Торбеш  е постар  од многу етноними чии национал-романтичари себе си се сметаат за библиски ,одбран,народ ,или за неприкосновени орли и лавови на ’балканската џунгла’ !Нема да  споменувам никој посебно, само ќе кажам дека етнонимот Торбеш(и) датира од 10 век и е словенски ,буквален, превод на егзонимот Фудиагиагити –со кој Византија ги именувала Богомилите ,фунда=торба ,и Кудугери- куд-у-гере=оној што носи торба. Треба ли да се потенцира дека тоа е барем 5,6 или 7 века,ако го прифатиме 17 век како период на засилена исламизација , пред какво и да е ’турчење‘и(ли) исламизирање на Балканот. И самата Паликрушева го цитира хрватскиот свештеник и историчар Доминик Мандиќ кој во својата книга ’Богомилска црква босанских крстјана‘ вели : “Овој назив најдобро го има протумачено М . Милечиќ изведувајќи го од  кут-уг-ер/ос/ ,оној што носи кожна торба ,торбаш.Во Македонија и денес народот ги вика Торбеши ,бидејќи постанале од богомилите кои секогаш со себе носеле торба со Откровението на Свети Јован и прибор за јадење да не би се онечистиле од мрсните садови во туѓите куќи “.  Овде сами по себе се наметнуваат две работи.

          Прво ,станува збор за свети книги ,овде е спомнато откровението ,на друго место евангелието (апокрифното ,за официјалната црква!)најчесто се споменува Тјната Книга на богомилите околу која се плетат разно-разни митови,легенди ,преданија и тн. ,вклучително и тврдењето на бугарскиот експерт за богомилството Јордан Иванов кој вели дека ’нејзиниот словенски превод не е пронајден но постојат два латински преписи од кои едниот се наоѓа(л) во Каркасонскиот инквизиторски архив ,сега пренесен во Париз а другиот во Виенскиот пергаментен кодекс од 15 век ,бр.1137 (Ј. Иванов ,Богомилски книги и легенди‘). Значи паѓаат во вода тенденциозните лаги за ’потурчување и исламизирање‘ за торба брашно ,пченка или торба гиза(урда) на христијанските соседи и на некои бугарски и српски истражувачи како и поблагата варијанта на Јован Хаџивасиљевиќ кој  објаснува дека Торбешите го добиле своето име поради тоа што се занимавале со торбарење продавајќи боза,салеп,алва ,семки и други дребулии по улиците, што е можеби логочно објаснување но не и точно од едноставна причина што  сите споменати продукти како и кафето дошле како благодети од Турците и не биле познати кај балканските народи во времето од кога датира поимот Торбеш(и),а тоа е 10 век.  И второ ..внимавај те!! ’...и прибор за јадење да не би се онечистиле од мрсните садови во туѓите куќи‘ !!! Што може од ова да се извлече како  заклучок ? Со што би се онечистиле од мрсните садови? Зошто носеле прибор за јадење?  Што би можело да биде ’нечисто‘ во туѓите куќи? Свињското месо без сомнение ! Та нели и во светите книги тоа е забрането за конзумација и тоа не само во Кур’анот ами и во Библијата !

          Овие толкувања не ги зеле во предвид составувачите на енциклопедијата! Како и многу други историски извори кои укажуваат на етногенезата или можеби би било попрецизно , социогенезата на Торбешите која води до појавата на богомилството во 10 век ,кое пак е условено и претставува опозиција на официјалното византиско христијанство кое најпрвин било наложено на бугарскиот цар Бориз а овој натака го наметнувал врз своите поданици  преку свиоте мисионери .

За богомилското потекло на Торбешите,И другите јужнословенски муслимани(Бошњаци и Помаци )  пишувале многу автори кои ете составувачите на енциклопедијата ’ги заборавиле’ .Ќе напоменам неколку од нив:

Томас Арнолд

Мехмед Ханџиќ

Оболенски

Франјо Рачки

Едит Дирхам

Димитар Ангелов

Вера Стојчевска-Антиќ

Драголјуб Драгојловиќ

Назиф Докље

Франо Шијак

Драган ТАшкоски

Маја Ангеловска Панова

 Иво Пилар ,  Никос Чаушидис  и други .                                                             Многу од нив се повикуваат на византиски извори како на пр. хроночарот Халкокондил кој известува дека богомилите на Балканот уште биле наречени и Бабуни,Патарени, Кудугери и Торбеши.Има и топоними кои одат во прилиг на ваквата теза као селото Торбач ,Кудугерци ,Богомила ,планината Бабуна ,Богомилско поле ,Богомилски преслап и т.н. Има и неколку артефакти што успеале да ја преживеат инквизицијата или културоцидот и немо да сведочат за едно славно минато .          


Богомилски знак на порта во с.Кракорница


  Истиот ,фото Емрула Реџоски .Ноември 2007г.
 При една посета на наша екипа Мехмед  Џемајлоски
Шериф  Ајрадиноски,Гарип  Имероски  и Ајет Кариманоски


Богомилски нишан во Борје –Гора,Албанија


Лимена плоча ,пронајдена во 1996 г
Во Шиштавец –Гора ,Албанија


Надгробен камен-нишан- на кој  
се забележува лилјанот-еден од
неколкуте богомилски симболи
С.Глобочица –Гора



Торбешка невестинска носија од Горни –Струшки Дримкол ,с.Подгорци–фотографија од енциклопедијата .Би било добро да се спореди со една таква од ’Галичката свадба‘на пример или друга мијачка или...



Но очигледно овде  иако има прилично голем број наведени извори овие изостанале ! Дали случајно !!??Наместо мој  ќе наведам еден рeдакциски коментар на ’Гласник‘на ИВЗ  бр.3/4 од 1974 г.со наслов “Торбеши у очима Галабе Паликрушеве“, каде се вели :“За неа не е вредно ни да се спомне,во науката прилично застапената теза според која Торбешите се изедначуваат со фундиагиатите и кудугерите.можеби и таа спаѓа меѓу оние кои би сакале богомилите да не постојат во нашите краишта“ Очигледно бројот на тие што би скале богомилите како и нивните наследници Торбешите Бошњаците  и Помаците  и сега да не постијат во нашите краишта е мошне голем .

           Ako ова може да се рече за можеби најсериозната и најсеопфатна авторка ,која навлегла најдлабоко во оваа проблематика тогаш што преостанува за другите !? Бидејќи ако се изземе игноранскиот однос на Паликрушева спрема една од трите компоненти за етногенезата на Торбешите –Богомилството, нејзиниот труд може да смета за најстудиозен и нај сеопфатен .Дотолку повеќе што е пишуван во 1965 г ,односно цели 14 г пред појавата на комунистичката творевина наречена ’Културно научни средби на Македонците Муслимани‘. В’прочем и од историчарите кои застанаа зад оваа идеја најцитирани се нејзините наоди .А еве сега во енциклопедијата истото се случува.Историјата се повторува!

         Хипотезата на Миливој Павловиќ дека Скопските Торбеши се можеби најстарото Српско (читај Словенско) плема на Балканот само се споменува и ништо повеќе ! Изворниот текст недостапен !! Причините непознати ! И тие што го споменуваат таквиот текст наведуват дека ’не биле во мозност да го користат написот на Павловиќ !! Се наметнува прашањето зошто? Каде исчезнал ? Ако не изчезнал кој и зошто го крие? Искрено не можам да поверувам дека и за академиците ,особено за Ристовски ,еден таков текст да биде недостапен!!!  Да не е запален можеби ,како и книгите на богомилите??? Или можеби е забранет како на времето што беше случај со еден труд на д.р Јоаким Синадиновски со наслов ’Националното прашање и меѓунационалните односи кај нас’. Тука имаше едно цело поглавие за Торбешите – Истражување на еден социолог -кое беше во колизија и некомпатибилно со политиката на тогашната комунистичка власт и на споменатата творба на Лиманоски  па ја доживеа својата ’инквизиција’.Каква е таа наука која ’одбира штое драго а закопува што е благо’? Академија на науки и уметности не може ,не треба и не смее да си дозволи такво нешто но ете овде на Балканот тоа е правило .

          Во отсуство на вистинската наука ,макар и да е ’спорна ’ ништо не ни преостанува освен да ги земаме митовите и легендите како ’научни вистини’и да се потпреме на таквата фантазија или ќе ни останат толкувањата и гледиштата на луѓето од типот на Ѓорѓија Пулевски кој како што напоменав на почетокот,заробен во својот лавиринт и јазол(научен,,национален, верски,образовен и тн.)  и самиот не знае ни што е Македонец ни што е Мијак,уште помалку Торбеш. Верувам дека не слушнал за богомилство !! И самата Паликрушева во својата дисертација вели дека ’тој –Пулевски- е доста конфузен кога го објаснува поимот Мијак’ ,и дека според него може да излезе дека и Македонците се субгрупа на Мијаците според тоа што го пишува во неговото дело!

        Ако може да се зборува за некаква субгрупа тогаш Торбешите можеби треба да се групираат ,како што некои го прават тоа ,во Јужнословенската гранка која според верскиот културно-историски круг се дели на:

  Православни :Руси,Украинци,Белоруси,Срби,Македонци,Бугари и       Црногорци.

  Католици: Полјаци,Словаци,Хрвати,Словенци,Чеси ...и др. и

  Муслимани: Бошњаци,Торбеши,Помаци.


Тврдината Каркасон во Франција .Дали тука се криела Тајната Книга на Богомилите?




Metka:
Хубава статия, браво на Шериф.
Съдбата ни е в собствените ни ръце.
Искам линк на тази статия , за да може да покажем и снимките.

Serif mkd:
  Blagodaram Metka ,blagodaram Husein ef.!Ne znam zosto fotografiite ne izlegle!? Se obidov i jas da go postavam tekstot od kaj mene (vo word verzija e) no ispadna povtorno bez fotografii!? I go otstraniv za da ne se duplira. Ne znam zosto no ce angaziram nekoj podobar poznavatel na komjuterski 'marifetlak' i insallah ce bide pouspesen od mene i efendijata Husein i nasite soforumci ce imaat moznost da gi vidat i fotografiite .

pomak BG:
Беше ми я пратил serif mkd. Попрегледах я и останових, че действително в Македония няма историци, които да работят обективно. Подобно на положението в България и там всичко е заплетено с политическата обстановка. Естествено говорим общо взето. Възможно е да има и съвестни имена, каквито ги има и в България, но в такива сличаи като Македония, обикновенно покрай сухото гори и суравото.

Вижда се че serif mkd е един от интелектуалците ни. Освен това той е добре запознат и с културата на босненския народ. За нашо съжаление ние не сме много близо до тях и контактите ни са слаби. Иначе доста бихме се възползвали от тяхното развитие в областа на религията, културата и пр. А и те бошнаците биха постъпили по същия начин там където ние ги превъзхождаме. Все пак от нашите земи е търгнало и богомилството и исляма.

Nedim Mehmedoski:
Bravo Serif-aga!

Vo vrska so kontroverznata "makedonska enciklopedija",iako ne sum imal prilika da ja procitam,sepak poznavajci ja retorikata

na avtorot na spornata "enciklopedija" Ristevski,pretpostavuvav deka ce bideme pretstaveni na toj nacin,na koj ti ni go

pretstavi delot namenet za "milenicite" na akademikot Ristevski..

Nemam nitu namera da ja kupam i da arcam pari  ;D za edno takvo falsifikatorsko i neosnovano amatersko izdanie,

makar da e pretstaveno kako "naucno-istrazuvacko" delo od strana na negovite avtori i mentori!.

Jas go potpisuvam bezrezervno tekstot na kolumnata i stojam zad relevantnosta na sodrzinata od kolumnata na bratot Serif

Ajradinoski.

Selam!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version