Author Topic: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL  (Read 168105 times)

0 Members and 2 Guests are viewing this topic.

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #30 on: July 22, 2009, 18:12 »
prodolzhenie:

Другиот ден момчето пак торгнало да ојт некаде. Сакало да бара стреќа. Си мислело дека коде било мојт да го услужит некоја стреќа. Торгнало момчето покрај една река. Оди, оди покрај реката и н' едно место, близу еден вир, ке еден вител од реката, на еден поголем камен, стои отаде река еден чоек. А позади, пак, имало некој волк и тој бил готов да скокнит и да го раскинит чоекот, да го изејт. Го гледат момчево чоекот како стојт таке замислен и му викат:
        - А, бре пријателе, што прајш туе, што прајш?! He чуди се! Бегај од туека, гледаш - позади има еден волк, ќа те изејт. Бегај, коа ти велам, спаси се!
        И, чоекот тога веднош скочил во вителот - шклум. Го снемало вчас. Како да не бил туека. А и волкот се исплашил и фатил низ орманот нагоре. Потоа момчето пак си продолжило покрај реката. Си ојт таке и си размислуват за стреќата. Си мислит сеа кој знајт каква стреќа ќа му излезит. Кога гледат пред себе, во едно вирче покрај реката се порпелкат една риба.
        - Што е, мори рибо - велит - што не си ојш во реката? Што се мочиш туе, што се порпелкаш таке?
        - А, море момче, и мене не ми е ове убо, ама ете, помина една бура, ме исфорли настрана и одвај останав жива.
        - Немај гајле, мори рибо - је рекло момчето. - Еве, ја ќа ти помогна. He плаши се од мене.
        Је зело со рока и је форлило во водата. Кога се нашла рибата во водата, се доближила до брегот, је поткренала глата и му рекла, му прозборвела со рибин јазик, а момчето го разбирало јозикот од рибата.
        - Ти мене ме спаси - му велит рибата. - Многу ми помогна. Туе ке што бев отфорлена, ја ќа погинев. Ќа ме изедее чорви или некој, дури ќа бев жива, ќе ме најдеше и ќа ме форлеше в тава, ќа ме испоржеше. Таке, ете таке ќа загинев. Ќа загинев некако, ама тие благодара, ми го продолжи жиотот. Ти ме спаси. Но, сакам да ми кажиш, што бараш од мене. За добрината што ми је напрај и ја сака да ти спомогна, да ти дада нешто.
        - Е, мори рибо, ти се чуда што зборвиш - је велит момчето. - Што можа да бара од тебе, ти си риба, живееш во водата.
        - Mope, барај, барај. Барај што сакаш. Ама да ме слушаш, да го сметаш за важно ове што ти го кажва, ја ќа ти дада една перка. Ела кун ваму, навали се малу.
        И, ове се навалило. Тога рибата откинала една перка од себе и му је дала. Потоа му рекла:
        - Да знојш, ти требит да знојш што да прајш со ова перка. Коа ќе се најш во некоја мока, кога ќе се најш во некоја теснина, кога ќа се најш во некоја преголема незгода или кога ќа сакаш да дојш до нешто убо, ти перкава чукни је меѓу две каменчиња и ја тога ќа ти се јава. Ти само дојди покрај рекава, чукни ја перкава меѓу две каменчиња и ја, коде било да бида, ќа слушна и веднош туе ќа дојда.
        - Добро, рибо, добро, штом си намислила таке, таке нека бидит. Еве, ќа те послуша, ќа је зема перкава.

prodolzhuva..

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #31 on: July 22, 2009, 18:15 »
prodolzhenie:

Момчето си је зело перката и си је ставило в џеб, а кога отишло дома, си је ставило да је чува во едно кутивче што се наождало во ковчегот на мајка му. Перката је ставило коде што го ставило и пердувот од орелот. Двете нешта 'и ставило во кутивчето.
        И, сега момчево продолжило да ојт пак покрај реката. Оди, оди и погоре пак го сретвет оња чоек што го спаси од волкот.
        - Кој си ти бре? - му велит. - Да не си оња што те спасив од волкот?
        - Да, да, тој су ја - велит. - Ја су ѓаолот и многу ти благодара што ме спаси од волкот. Ако не беше ти, тој сигурно ќа ме изедеше. Ама, еве, пак се стретнавме. И, сега сакам да ти помогнам, сакам да те устреќам.
        Кога слушнало момчето со когва си има работа, дека тој е ѓаволот, се исплашило и му рекло:
        - Ја да ти кажа прао, што убо можа да бара од ѓаол. Свите велат дека ѓаолот прајт само лоши работи.
        - He, не - велит - не слушај ги што велет луѓето. Ја на добрината ќа одговорам со добрина. Ти со моја помош мојш, да знојш, да станиш царски зет.
        - Е, како - му велит - што мојш ти да ми напрајш за да стана ја царски зет.
        - Како не можам, ќа видиш дека ќа ти напра, ќа видиш дека ќа ти помогна. Во еден голем град - му кажвет коде се наождат тој град - живее ен цар - велит - и имат една уба ќерка. Ја ќа напра ти да је земаш ќерка му негоа. Co мојата помош ти ќа успееш и ќа му је земаш ќерката. Таа ќа дојт за тебе. Само знојш што је - велит -требит да појш во тој град, требит да се обложиш со неа. Ти треба да се криеш три дена и, ако не успеет таа да те најт, ако на третиот ден не успеет да те пронајт коде си скриен, ако не ти кажи коде си се скрил, ако теа не го знојт, ти мојш да постаниш нејзин мож, тога ќа постаниш царски зет. А ако те најдит - велит - ако те видит коде се криеш, да знојш, на третиот ден ти ќа пострадаш. Но, еве, ова ти е поуката од мене. Сега земај три влакна, еве на ти од глава три влакна - му скинал три влакна - и чувај ги влакнава. Кога ќа ги нагориш, ја ќа дојда и ќа ти помогна. Ќа видиш самиот ти дека таке ќа бидит, ќа се увериш.

prodolzhuva..

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #32 on: July 22, 2009, 18:20 »
prodolzhenie:

Отишло момчето во царскиот град, ке царската палата. Слушат, таму некаде викает телалите дека царската ќерка ќа ојт за оне момче коешто ќа се скрие некаде, а таа не ќа можит да го најди. Момчево му велит на телалите:
        - Па добро, еве, ќа проба ја. Ќа вида дали ќа ме најде царската ќерка, ќа се обида да се скрија некаде.
        - Добро, добро - му велет телалите - ама порво види се со царската ќерка.
        Се видело момчево со царската ќерка, таа му кажува што требит теа да стори. My вели дека теа требит да се скриет некаде, ама таа да не можит да го најт коде е. Само ако је се скрие на такво место да не мојт да го најт коде е скриен, ќа го земат за мож.
        - Добро, добро убавице - је рекло момчето. - Ќа видиме, ќа се обидиме, па ќе знојме дали ќа успееме.
        И, момчето решило порво да проба со орелот. Сакало да види дали орелот ќа му укажи помош. Го чукнало пердувот меѓу две каменчиња и орелот долетал.
        - Што е, бре пријателе, што мока имаш?
        - Е, работата е ова. Сака да је зема ќерката од царот, сака да бида царски зет, ама царски зет можа да бида само ако ми помогниш ти - да ме скриеш и царската ќерка да не можит да ме видит, да не знојт коде сум бил скриен. Да не можит да ме пронајдит.
        - Добро, бре момче, - му вели орелот - теа е лесна работа. Еве, ќа ти помогнам.
        Тога орелот викнал иште три орли. Дошле тие и тога орелот му рекал на момчето:
        - Ајде сега качи се на нас и ќа те носиме високо. Ќа те скриеме некаде високо во облацине.
        Го дигнале момчето орлите и го однесле - го скриле во некој темен облак.
        Царската ќерка другио ден станала, се измила и се качила на една висока кула. Је зела дуљбијата и гледат низ неа. Гледат по земјата (моела да гледат нашироко и надалеку, таква дуљбија имала), гледат - ништо не мојт да видит, го немат момчето. Добро. Потоа глеат кун морето - и таму не мојт да го пронајт, да го видит. Најпосле, дуљбијата ја свортила кун небото нагоре, кун облаците. Кога је свортила дуљбијата кун облаците, видела еден темен облак, ама догледала и еден дел од рутиштата на момчето. Видела некој дел од облеклото на момчето, је павтарало нешто. "Енејси - велит - теа беше. Ете, ке намислило да се скриет, ама ја го видов, го познав".
        Потоа оди момчето ке царската ќерка и је вели:
        - Царска убавице, дали мојш да ми кажиш ке бев ја скриен.
        - Да ти кажа - му велит царската ќерка. - Па те видов. Кога е свортив дуљбијата кун небото, те видов на еден облак. Навистина, не те видов целиот, ама ти видов еден дел од облеклото. И, ти беше, не мојш да ме момиш.
        - Таке е, таке е - велит момчето. - Таке си е, не можа да те момам. Навистина, таму бев скриен, ме скрија орлите, ама, еве, ти си многу вешта, ти си умна, ти мојш многу лесно да ме пронајш.

prodolzhuva ponataka..

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #33 on: July 22, 2009, 18:27 »
prodolzhenie:

Кога видело момчето дека во порвиот ден не успеало да се скриет како што требит, наполно да се скриет за да не можит воопшто да го видит царската ќерка, решило да побара помош од рибата. Отишло крај реката, се сетило на зборовите што му ги кажала рибата, је зело од џебот перката (је чувал во едно кутивче), је нагорел перката и рибата веднош дошла туека. Застанала покрај брегот и го прашала:
        - Што мока те дотера, бре момче, кај мене? Што бараш, кажи ми. Имаш ли некоја мока?
        - Е, мока. Моката ми е голема - сака да ме скриеш некаде, ама никако да не мојт да ме видит царската ќерка. Таа да не знојт коде сум скриен. Ако успееш да ме скриеш на такво место, таа ќе ми бидит жена. Таа ќа дојт за мене и ја ќа стана царски зет.
        - Ато за теа с' имало гајле, бре момче. Еве, веднаш ќа ти помогна. Немој да се плашиш, ќа зинам и ти скокни ми во устава (била некоја поголема риба). Рибата зинала и момчето скокнало во устата нејзина и таа се скрила под една карпа.
        Како и порвиот ден, таке и другиот ден царската ќерка станала рано, се измила, се дотерала и си отишла пак на високата кула. Пак сакат да гледат и по земјата, и по небото, и по морето. Сакат да гледат и да го догледат некаде момчето, да видит коде е скриено. Ја зела дуљбијата, гледат по земјата ваму, таму, гледат внимателно, ама никаде не мојт да го догледат момчето, го немат никаде. Се уверила дека на земјата го немат, и таа погледала кун небото (помислила дека штом не е на земја, можеби је некаде горе на небото). Гледат со дуљбијата кун небото, гледат на свите страни, не мојт ништо да видит, го немат момчето. Си помислила да не е скриено пак во црниот облак, како што се случило теа вчера. Но, и таму не могела да го догледа. Тога царската ќерка дуљбијата је свортила кун морето и гледат, гледат внимателно да не скокнит некоја риба, да не разигра некоја риба и да не го види некаде, да не го види таму момчето, да не е теа меѓу рибите. "Может и тие да му помогнет - си помислила. - Тие се криет во морските длабочини". И, навистина, скокнала една риба и таа со дуљбијата видела дека на зобите од рибата има некакво парталче, има некој дел од негбто облекло. "Добро е - си рекла - уба е сега рибата. И сега ќа можа да му се пофала, веднош ќа му кажа дека го видов, ќа му кажа коде било скриено, ќа му реча дека го скрила рибата, дека таа го голтнала, го скрила во нејзината утроба."
        Се вратило детето откај рибата, оди кај царската ќерка и је прашвет:

prodolzhuva ponataka..

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #34 on: July 22, 2009, 18:31 »
prodolzhenie.. :D

 - Е, кажи сега убавице, дали ме виде некаде, кажи сега коде бев скриен?
        Царската ќерка се поднасмеала и му рекла:
        - Те видов, како не те видов. Ти беше скриен во големата риба. Рибата ти имаше укажано помош. Ти беше во самата риба.
        Ќа речиш како теа? Па таке, на забите од рибата ја видов дел од твојата облека. И по теа дознав дека ти си во рибата скриен.
        - Така е, така е вистина. He ce бега од вистината. Tea што си е таке, таке е. И сега, ете, ме најде. Навистина, ти се чудам како мојш таке лесно да ме откриваш. Ја ти се кријам во многу чудни места. Друг не би можел да ме најт, а ти некако се снаождаш, ме наождаш.
        Енејси, теа се сторило, се разбрало коде било момчето скриено и теа си размислува и понатака. Каде да бара сега помош, дојде третиот ден. На третиот ден или теа ќе станит царски зет, ќе му је дадат ќерка му од царот или пак тоа ќе бидит погубено. "Mope, ајде да проба иште со влакната од ѓаолот - си рекло. - Да пробам таке, ќа напрам како што ми рече тој, па можеби ѓаолот ќа дојт и ќа ми помогнит". Отишло момчето покрај реката, ги нагорело влакната од глата на ѓаолот и тој му дошал. Дошал туека и го прашал:
        - Што е, бре пријателе? Што мока имаш, кажи ми. Готов су, еве, веднош да ти помогна. Кажи ми што ти е.
        Момчето кажвело све по ред што се случвело со него. My кажало дека било заинтересирано за царската ќерка, а и тој порано је фалел и му рекал дека ќе го напрај царски зет. Момчето му велит на ѓаолот:
        - Па јас бев во престолниот град на царот, се стретив со неговата ќерка, се обложував дека ќе се крија и дека не ќа можит да ме најт. Ама, ете, двапоти је се скрив, два дена је се криев и пак таа ме наождаше. Сега нема што да прам, бара помош од тебе. Да ми кажиш ти како можа ја да се скрија, а таа да не знојт коде сум, да не мојт да ме најт.
        - Лесна работа е теа, многу лесна работа е, ќа видиш - му рекал ѓаолот. - Сега ја ќа дувна и ќа те напрам јаболко.

prodolzhuva ponataka.. :D :D

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #35 on: July 22, 2009, 18:35 »
prodolzhenie: :D

  Дувнал ѓаолот неколку пати во момчето и теа се напрајло јаболко. Го зел ѓаолот јаболкото и го однесал под јаболкницата, a таа јаболкница се наождала до чешмата од царот. Утрината дошле слугинките од царот да полнет вода. Се измиле, ги наполниле со вода стомните и гледает убо јаболко под самата јаболкница. Една од ним го зела јаболкото и, кога отишла во царската палата, је го дала на царската ќерка. Таа многу се израдувала на јаболкото, видела убо јаболко и го скрила в пазуа. Потоа царската ќерка се качила на кулата и гледала со дуљбијата на свите страни. Гледала по земјата - не можела да го видит момчето. Гледала кун морето - не можела ништо да видит, го немало момчето. Гледала кун небото - пак не го пронашла. Се чудит коде можит да бидит момчето, нигде го немат. Во тој момент таа викнала:
        - Коде си, бре дете! Свегде те бара, не можа да те најда. Коде си, кажи ми, јави се, коде се скри? Сакам да зном. Навистина, не мога да те најда.
        Тогаш јаболкото је се истаркалало од нејзината пазуа и веднаш се претворило во убо момче. Тогаш теа је рекло:
        - Зар не ме гледаш, еве сум.
        Гледа царската ќерка и се чуди. Навистина, момчето се скрило, којзнае кој му помогнал, ама таа не можела да го најт, а, ете, теа било во нејзината пазува претворено во јаболко.
        Тогаш царската ќерка му честитала за снаодливоста:
        - Свекоја ти чест - му рекла. - Навистина, ти се скри и ја не могев да те најда, ти си умно дете, отсега ја ќе бида твоја жена, a ти си мој јунак.
        И таке, тие се зеле. Си живееле сложно, се разбирале за свекоја работа и се дознало дека момчето је зело царската ќерка само со праењето добрини. Нему на напраените добрини му се одговарало со добрини и успеало во животот - станало царски зет, а подоцна и наследник на царскиот престол.

konechno kraj na skaznata.. ::) ;D

 


Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #36 on: July 22, 2009, 23:04 »
ОВЧАРИ И ВОЛКОУБИЕЦОТ

(От село Стеблео)

 

Си бѝле нèкольку òвчари. Му рèкле на èден чòек. «Свѝте кя ти дàйме по седомдесет òвци, да ѝшеташ до коде ѝмат нашè мèсто, да ни òставиш по еден нѝшан.» Той зèл еден нòж и, òдел, òдел, ѝзворвел веке до кòде ѝмало мèсто. Пак дòближил до овчàрите. Му лèтнале дèвет вòлци. Той му зàредил со нòжот, на свѝте нòдзете му изпòкинал; саде еден со подкинатà нога му лèтнал и г’ ỳдаил. Сèдне òшле овчàрите тàмо и го вѝделе чòекот ỳдаен и дèвет вòлци тỳе пцòйсани.

 

 

Забележка: За тази приказка казват, че е била истинска случка и че гробът на тоз человек стоел и днес в Горна Лакàйца, на едно място в планината.

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #37 on: July 22, 2009, 23:07 »
ПРОСТИЙОТ ЧОЕК И КАДИЯТА

(От същето село)

 

Си бѝл еден чòек и си ѝдел от водèйнца со едно мàгаре натòарено со брàшно. На енно мèсто се дèлале потѝшчата. Чòекот му рèкол: «Уш, мàгаре, згòра, я кь’ òда здòла.» Той òшол дòма и му рèкол: «Альнè дойде магàрето?» Магàрето ѝдело, ѝдело и го ѝзел вòлкот. Той òшол да го бàрат магàрето. А еден дрỳг чоек вѝдел кой го я̀йт магàрето вòлкот. Стòпанот от магàрето му рèкол: «Аль го вѝде магàрето мòе?» А той го пòиграл: «Магàрето твòе се стòри кàдия.»

 

Той òшол дòма, зèл една зòбница пòлна со зòб и му òшол на врàтата от кадѝята и му зàнишал зобнѝцата. А на кадѝята му се стòрило оту сè пàри, се поднàведил да вѝдит зобнѝцата. Той го фàтил за шия и фàтил да го тòарит. Дрỳгите, шо бѝле тàмо, фàтиле д’ ’о брàнет. Той вèлит: «Магàрето мòе е.» Не го пушчал. Едвàй г’ отбрàниле.

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #38 on: July 22, 2009, 23:12 »
ПРОСТОТАТА НА СТЕБЛЕВЦИ

(От същето село)

 

Си бѝле трòйца брàкя. На едно мèсто ѝмале посàдено сòль. Сòльта му я̀ я̀дело едно бỳбаче. Ошле да я̀ вàрдет — сòлта шо им я̀ я̀йт. Еднийот брàт му рèкол на дрỳгийот: «Лèгни тѝ, пòспи, я̀ кя вàрда шо кя дойт да я̀йт сòльта.» Бубàчето дòшло и се кàчило на чèлото на той, шо спѝял. Той шо вàрдел, фòрлил со топàнджата (пищовът) на бубàчето да г’ òперит и си г’ òпрал брàта му [1]. Брàт му, како навѝстина òпран ’и рàзгалил зòбите и ỳмрел. Дрỳгийот му рèкол: «Тѝ се смèиш, ама я̀ г’ òпраф бубàчето». . .

 

 

Забележка: За тая приказка, както и за следующите, казва приказвачът, били действителни приключения. С них и днес жителите стеблевци си наумяват какви са били праотците им.

Offline pomak BG

  • Historian
  • *****
  • Posts: 1280
  • Да си помак звучи гордо.
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #39 on: July 22, 2009, 23:17 »
Интересни неща качваш торбеш, чета го с интерес.

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #40 on: July 22, 2009, 23:29 »
You are not allowed to view links. Register or Login
Интересни неща качваш торбеш, чета го с интерес.
Bash na teb naimnogu mojat da ti koristat ovie podatoci..
Shte kachvam oshte!  Selam.. ;) :)

Offline pomak BG

  • Historian
  • *****
  • Posts: 1280
  • Да си помак звучи гордо.
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #41 on: July 22, 2009, 23:33 »
ишаллах

Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #42 on: July 23, 2009, 00:04 »


Ova e tretata djamiq vo izgradba vo mestnosa Krasta vo Labunishta..


Offline Nedim Mehmedoski

  • Moderator
  • *****
  • Posts: 543
  • Gender: Male
  • Torbesh
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #43 on: July 23, 2009, 22:57 »
Fotografija od esenta 1943 g. na Murat Labunishta


Murat e so naocarite!

Offline Serif mkd

  • Adviser
  • ****
  • Posts: 337
  • Gender: Male
Re: TRADICII,OBICAI KAJ TORBESITE VO LABUNISTA I STRUSKI DRIMKOL
« Reply #44 on: July 24, 2009, 00:41 »
 Alal vera torbes!!kako gi najde ovie snimki? Baraj i drugi i spodeli gi so nasite soforumci na Pomak eu.Aferim! Bravo za Tebe!!!

 

Sitemap 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42